Во текот на твојот процес за регрутација, ќе наидеш на моменти кога користењето на AI може да биде опција. Те охрабруваме да пристапиш кон ова со истата слобода и одговорност што им ја нудиме на нашите вработени. Нашиот процес на регрутација служи за да те запознаеме како индивидуалец - што те прави уникатен/а, твоите силни страни, твоите страсти.
Можеш да користиш AI за да го подобриш твоето резиме или да се подготвиш за интервјуа, но запомни дека ништо не може да ја надмине вистинската човечка врска. Кога станува збор за Red Bull Wingfinder или видео евалуацијата, сакаме да ја видиме и слушнеме твојата личност и да ја почувствуваме енергијата што ја носиш. Исто така, студијата на конкретен случај гледај ја како нешто повеќе од само задача. Тоа е твојата шанса да ни покажеш што навистина можеш, да ја доживееш улогата и да оцениш дали е вистинскиот избор за тебе.
Со потпирање на AI, ризикуваш да ја пропуштиш шансата навистина да се истакнеш!
Заштитете се од измами за вработување.
Сите легитимни можности за вработување во Red Bull се објавуваат на jobs.redbull.com.Ако добиете сомнителна е-пошта или порака, препорачуваме да не одговарате и за дополнителни информации да ја прочитате нашата страница