Red Bull поддржува индивидуалност, автентичност и креативност. Ова е нешто што го очекуваме и од нашите вработени. Доколку сакаш да станеш дел од Red Bull, прикажи ја твојата вистинска и уникатна страна низ процесот на аплицирање.
Red Bull поддржува индивидуалност, автентичност и креативност. Ова е нешто што го очекуваме и од нашите вработени. Доколку сакаш да станеш дел од Red Bull, прикажи ја твојата вистинска и уникатна страна низ процесот на аплицирање.
Пронаоѓањето на правиот човек за одредена позиција бара темелен процес на селекција. Постои можност да побараме од тебе тест за карактер, видео интервју или интервју во живо, решавање на задача или дури и симулација на работа. Тимот за вработување однапред ќе ги сподели деталите во врска со процесот.ж
Во текот на твојот процес за регрутација, ќе наидеш на моменти кога користењето на AI може да биде опција. Те охрабруваме да пристапиш кон ова со истата слобода и одговорност што им ја нудиме на нашите вработени. Нашиот процес на регрутација служи за да те запознаеме како индивидуалец - што те прави уникатен/а, твоите силни страни, твоите страсти.
Можеш да користиш AI за да го подобриш твоето резиме или да се подготвиш за интервјуа, но запомни дека ништо не може да ја надмине вистинската човечка врска. Кога станува збор за Red Bull Wingfinder или видео евалуацијата, сакаме да ја видиме и слушнеме твојата личност и да ја почувствуваме енергијата што ја носиш. Исто така, студијата на конкретен случај гледај ја како нешто повеќе од само задача. Тоа е твојата шанса да ни покажеш што навистина можеш, да ја доживееш улогата и да оцениш дали е вистинскиот избор за тебе.
Со потпирање на AI, ризикуваш да ја пропуштиш шансата навистина да се истакнеш!
Откако ќе ја поднесеш твојата пријава, ќе добиеш мејл за потврда. Потоа можеш да очекуваш да добиеш одговор од нас во рок од 2 недели.
За време на процесот на интервјуирање ќе имаш шанса да го покажеш својот талент и твојата мотивација. Тимот за вработување ќе те прашаат за твоето искуство, вештини и силни страни кои се релевантни за работата со цел да добијат добра претстава за твојот профил и твоите уникатни способности.
Заштитете се од измами за вработување.
Сите легитимни можности за вработување во Red Bull се објавуваат на jobs.redbull.com.Ако добиете сомнителна е-пошта или порака, препорачуваме да не одговарате и за дополнителни информации да ја прочитате нашата страница